ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ Струмица е домаќин на ученици од машинска струка – техничари за моторни возила – од групацијата училишта „АФОРПА“ од Париз, Франција.
Во рамките на 14-дневната мобилност, учениците ќе бидат вклучени во учење преку работа во соодветни компании, ќе посетат часови организирани од стручните професори, а ќе се запознаат и со културолошките карактеристики на нашата држава и нашиот град преку прошетки и екскурзии.
Оваа активност се изведува во рамките на програмата Еразмус+ и претставува резултат на успешна соработка со групацијата која ги идентификуваше нашите капацитети како училиште.
Од ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ Струмица изразија благодарност и до компаниите – соработници во оваа активност: Центар за возила, АБ Новоселски и Автодијагностика.