• Sat. Nov 23rd, 2024

До 15 мај поднесувања барања за земјоделски субвенции

ByDimitar Micev

Mar 26, 2018

Тече рокот за поднесување барања за субвенции за 2018 година. Земјоделските стопанства до 16 мај ќе можат да поднесуваат барања за субвенции, а според Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици. Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од барателите. Доколку барателите имаат потреба од помош или не се во можност самите да го креираат барањето, за помош може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Инаку,голем дел од земјоделските производители веќе ги добија субвенциите за 2017 година, вели Ристо Велков од регионалниот Синдикат на земјоделски производители. Исплата ќе продолжи и понатаму, а според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, сите земјоделци кои поднеле барања за субвенции, потребните средства ќе ги добијат најкасно до 30 јуни.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, беше соопштено дека повеќе од 78 милиони евра се исплатени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство, односоно повеќе од половина од Програмата за 2017 е реализирана. Според Агенцијата, во програмата за 2018 година, на земјоделците на располагање им се 6 милијарди и 210 милиони денари кои се наменети за директни плаќања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *