Втор круг од претседателските избори 2019 започна денес.Утрово во 7 часот сите 83 гласачки места во о.Струмица беа отворени на кои граѓаните без ниту еден забележан инцидент или проблем го остваруваат своето гласачко право.Од Општинската изборна комисија велат дека до 10 часот излезеноста на граѓаните е 7 отсто и гласањето тече во најдобар ред.
Ново село денес во втор изборен круг се бира за претседател на државата но и градоначалник на општината.Таму од општинската изборна комисија велат дека гласањето тече без проблеми а излезноста до 10 часот е 10 отсто.
1.434 радовошани излегле утрово да гласаат до 10 часот или 5,9 отсто од вкупниот број на гласачи.
Гевгеличан до 10 часот излегле 9,70 отсто.Гласањето тече без проблеми и во оваа општина велат од општинската изборна единица.