До вторник ќе се здржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, а во попладневните часови процесите локално ќе бидат поинтензивни. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат и ќе преовладува посончево и потопло време.
Температурите ќе се движат во интервал од 7 до 17 степени, а од средината на неделата се очекува благ пораст до 20 степен.