• Fri. Nov 22nd, 2024

Дојран и Гевгелија ќе се престават на Меѓународен саем за туризам во Белград

Меѓународниот саем за туризам, 44-ти по ред и 18-ти Меѓународен саем за хотелска и угостителска опрема, ќе се одржат од 23 до 26 февруари на Саемот во Белград. Годинешниот слоган е „Кога одморот не е тежок“, а оваа година земја партнер на Саемот е Кина.

На саемот во Белград своите туристички понуди на македонскиот штанд, ќе се промовираат и општините Гевгелија и Дојран а од земјава освен овие две локални самоуправа ќе бидат вклучени и општините Ресен, Крушево и Охрид .

,,Во рамките на саемските денови општините ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство на презентацијата која ќе се одржи на 24 февруари заедно со претставници на семејни винарии, ХОТАМ, и повеќе хотели, ресторани, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *