Дојранскиот градоначалник, Анго Ангов, објави дека вчера продале градежно неизградено земјиште со намена за изградба на викенд куќи.
Станува збор за 14 парцели со вкупна површина од 8403 метри квадратни. Почетната цена на парцелите била 1 евро по квадрат, но тие на јавното наддавање постигнале просечна цена од 35.7 евра за метар квадратен.
Купувачите имаат рок од 15 дена да ја уплатат вкупната вредност постигната на аукцијата, во спротивно ќе им се активира банкарската гаранција.
Вкупната вредност на продадените парцели изнесува 18 462 851 денар.
Парите од продажбата ќе се искористат за општински проекти кои дојранчани ги гласале како приоритетни во нивната општина.