Владата засега обезбеди речиси 12 милиони евра пари за стопанството, вели министерката за финансии Нина Ангеловска. Но, првичните проценки се дека ќе бидат потребни најмалку 100 милиони. Тие пари ќе мора да се обезбедат од меѓународни кредитори и бизнисмените ќе треба да ги враќаат со ниски каматни стапки.
– Нашата задача како Влада е да им помогнеме на компаниите да го премостат овој проблем. Ако ги собереме бројките зборувам за околу 100 милиони евра, а дали уште ќе бидат ставени и дали ќе се воведат дополнителни мерки – да откако ќе процениме кои се тие што ќе дадат максимум со оптималните можности кои ќе го одржат ликвиден буџетот. Преку буџетот не можеме да ги исплатиме платите за три месеца на целото стопанство и да му ги затвориме долговите, а тоа не може да го направи никоја земја. Нашата задача е да направиме се што можеме. Правиме анализи и сценарија на дневна база бидејќи постојано се менуваат условите. Толку е непозната траекторијата што ни ММФ не излегол со квантицифирана бројка колку ќе бидат штетите. Затоа ние побаравме помош за да се проценат не самократкорочните туку и долгорочните ефекти, посочи Ангеловска и додаде дека се во постојан контакт со коморите за изработка на нови мерки за стопанството.