• Fri. Nov 22nd, 2024

Донација на Кожувчанка во борбата против Ковид-19

By

Jun 22, 2020

Кожувчанка ДОО денеска во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар донираше медицинска опрема во вредност од 10.000 евра, за заштита на пациентите во новонастанатата состојба со COVID19 кризата во нашата држава.

Се работи за апарат за вентилација при транспорт на пациенти со погон на кислород, модел Oxylog VE300 Basic Drager Germany. Со апартот се испорачува и боца за кислород, редуцир вентил за кислород, носач на апаратот и боцата, пациент црева и адаптери за напојување.Овој апарат кој е подвижен и со современа вентилација, ќе овозможи полесен транспорт на пациентите до клиника или помеѓу клиниките поради различните испитувања на пациентите кои се заболени од COVID-19.


Кожувчанка ДОО е компанија која постојано бара начини да биде општествено одговорна компанија.
Особено радува тоа што овој вид на донација врз основа на укажувањата на клиниката е од особена важност за настанатата состојба со COVID-19 кризата.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *