• Sat. Nov 23rd, 2024

Домот на културата во Василево ќе се реконструира со околу 200 000 евра

Домот на културата во Василево ќе се реконструира со околу 200 000 евра. Денеска е потпишан договорот за реконструкција, санација и адаптација на овој објект.

По спроведената јавна набавка за избор на најповолен понудувач односно градежна фирма, избрана е фирмата Портланд-Опц ДООЕЛ, која во понеделник на 16.08.2021 година ќе биде воведена во работа и ќе има обврска за 120 дена комплетно да го реконструира објектот.

Вкупната вредност за реализација изнесуваат околу 13.700.000 денари, од кои околу 10.000.000 денари се обезбедени од БРР и Влада на РСМ, а остатокот од буџетот на општина Василево со одлука на совет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *