Радовишкиот дом за стари лица ствен во карантин. Двајца корисници позитивни на Ковид 19 веќе се хоспитализирани во штипската клиника ,а позитивни се уште четворица кои се сместени во домот , но се во добра општа здравствена состојба.Не се позитивни само старите лица кои се корисници , позитивни се и 3 вработени лица.
Забраната за посета на старите лица во домот била донесена пред регистрирањето на првиот позитивен случај.Прва се заразила една од вработените а вирусот се проширил и на штитениците.
Возрасните генерално ги почитуваат безбедносните мерки ама младите речиси на секаде се без маска а дистанцата која е пропишана никој и не ја почитува.Стравувањата на инфектолозите од југоистокот е дека безразличноста на младите ќе наштети на повозрасната популација.
Во моментот во Радовиш има вкупно 19 активни случаи.