• Sun. Nov 24th, 2024

Доколку не зачестат врнежите во следниот период ќе доцни есенската сеидба

imagesОваа есен ќе доцни сеидбата на житните култури заради неповолните временски услови. Долгиот период на суша доведе до недостаток на вода во почвата. Поради тоа земјата е тврда што ќе доведе до отежнување на подготовките односно орањето на нивите. Земјоделците велат дека доколку во наредниот период нема врнежи наместо кон почетокот на октомрви сеидбата ќе се пролонгира кон крајот на идниот месец.

Земјоделците годинава не видоа ќар ниту пак од градинарските производи добиени од пролетниот и летниот циклус. Речиси ниту една од културите не постигна задоволителна цена за покривање на трошоците.

Со тоа земјоделците со неизвесност гледаат и престојниот есенски циклус. Ако и со тие производи не се постигнат задоволителни цени за производителите годинава ќе биде од најлошите производствени години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *