• Sun. Nov 24th, 2024

Дождот благопријатен за земјоделството, сепак се зголемува и заканата од болести

По долгиот сушен период од денеска над Македонија и југоистокот поминува влажен бран кој носи поинтензивни врнежи од дожд. Овие количества вода се благопријатни за скоро сите култури кои се засадени на струмичкото поле.

Болеста кај расадот на тутунот кој се јави минатиот период, се појави и кај расадот на пиперките, вели Ивановски. Затоа препорачува земјоделците да преземат заштитни мерки кои не би довеле до топење на стебленцата.

Во четврток метеоролозите најавуваат сончев ден, кој според експертите, земјоделците треба да го искористат за да го заштитат расадот. Управата за хидрометеоролошки работи и за утре најавува облачно време со пообилни врнежи од дожд. Наместа се очекува да наврнат и над 20 литри на метар квадратен. Променливото облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд се очекува да се задржи и во следните денови.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура во текот на неделата ќе се движи од 2 до 10 степени, а максималната од 11 до 24 степени. Најтопло ќе биде во четврток кога дневната температура ќе го достигне 24-тиот степен

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *