Во просториите на ООЦК Струмица беа доделени сертификати на 20 кандидати кои ја следеа обуката за „Негувател/ка за помош и нега на стари лица“ и се обучија да ја даваат услугата на потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе.
Ова беше 11ти циклус на обуки според верификуваната програма за „Негувател/ка за помош и нега на стари лица“.