Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов на свечен начин ги додели договорите за стипендирање на најдобрите ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2022/23 год.
Оваа година се доделија вкупно 26 стипендии на талентирани ученици во општина Радовиш од кои: 16(шеснаесет) стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта, 5(пет) стипендии на талентирани ученици од I до IV година во средното општинско училиште и 5(пет) стипендии на одлични ученици по основ на социјален карактер.
Стипендиите во основното образование се во висина од 2.500 ден. а во средното образование во висина од 3.000 ден. а се доделуваат 9(девет) месеци во годината.