Директорот на Општата болница со проширена дејност Гевгелија, Митко Крџев, во присуство на градоначалникот Сашо Поцков, денес им додели Благодарници на дел од компаниите и поединците кои изминатиот период донираа финансиски средства, апаратура, прехрамбени и хигиенски средства на Општата болница со проширена дејност во Гевгелија. Заблагодарувајки се во име на сите вработени во Општата болница, во име на градоначалникот Поцков, и во свое име, директорот Крџев посочи дека донациите беа од непроценлива вредност во моментите кога Општата болница имаше насушна потреба од апаратура за борба против ковид пандемијата. Тој истакна дека фирмите и поединците од општините Гевгелија,Богданци и Дојран, уште еднаш ја покажале својата општествена одговорност кога тоа е најпотребно. Ние, рече Крџев, како здравствена институција, ги ставивме, и понатаму ќе ги ставаме, сите наши просторни и кадровски потенцијали, и со еден професионален и хуман пристап кон нашите пациенти, ќе продолжиме и понатаму во нивното излекување од оваа болест и што поуспешно справување со самата пандемија. Како што е познато, со последната хуманитарна акција што ја организираше фирмата „Жито Пром“ од Гевгелија заедно со повеќе фирми од Општина Гевгелија и од општините Богданци и Дојран, обезбедени се медицинска опрема и уреди во вредност од 25.000 евра за Општата болница и Центарот за јавно здравје-Гевгелија.Во хуманитарната акција учествуваа: „ЖИТО ПРОМ“, АМД „Дичо Панов“, „Конти Хидропласт“, „Џиви Доо”, ПЗУ „Дентиција”, „Итек Системи“, Здружение на возачи – Гевгелија, „Пет нет“, „Мем – Вочар“, Текстилна корпорација, „Штампа“, „Нар комерц“, „Дизел Ка-Ле“, „Марина Љупчо“, „Армор“, „Моделс Кокочев“, „Колвеко“, „Југостил“, „Дојран Стил“, Општина Богданци, Општина Дојран и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Исто така, од нив во минатите акции на Општина Гевгелија учествуваа и со донација на пакети со прехранбени продукти и хигиенски средства за семејствата од социјално-ранливите категории.