• Sat. Nov 23rd, 2024

Дирекцијата за заштита и спасување издала шест забрани за користење оџаци во станбени згради во Струмица

Шест колективни згради во Струмица имаат забрана да ги користат оџаците. Вакви решенија издала Дирекцијата за заштита и спасување. Оттаму велат дека станува збор за постари згради, кои имале оштетувања во каналите за спроведување на чадот.

Инспекторите од Дирекцијата вршат контроли кај управителите на зградите. Таму, најчесто проблем е кражбата на хидрантите и цревата.

Во делот на противпожарната заштита во станбените објекти, Димчев вели дека има проблем кај неколку постари згради кои порано имале рамен покрив, а во минатото добиле кров и станбени единици под кровот. Таму издале реченија за станари кои го узурпирале самиот отвор за евакуација.

Инаку, од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека вршат редовни и вонредни контроли во објекти, каде што има поголема концентрација на луѓе и досега немаат наидено на неправилност. Од друга страна, Димчев вели, дека и граѓаните се навикнале дека треба редовно да ги одржуваат и чистат оџаците во своите домови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *