• Wed. Nov 27th, 2024

Димковски: За првпат после 12 години државата нема да враќа европски пари за мерките од ИПАРД 2

ByВане Трајков

Jan 11, 2020

Кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020, продолжува и оваа година. Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, во Струмица, присуствуваа на работилницата во склоп на инфо-деновите,  коишто се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Овој месец кампањата е наменета за информирање за условите за поднесување на барањата за мерката 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, од ИПАРД 2.  Јавниот повик за оваа мерка е веќе во тек и рокот за поднесување на барања е до 11-ти февруари. Мерката им овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана.

„Мерката 3,  се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за: млеко и млечни производи, месо и производи од месо вклучително јајца и живина, овошје и зеленчук, житарици, мелнички продукти и скроб, растителни производи и маснотии од животни, шира, вино и оцет. Вкупно на располагање на овој јавен повик се 13, 3 милиони евра. Изминативе 3 години, како министерство заедно со Платежната агенција бевме фокусирани на олеснување на адмнистративните процедури за мерките од ИПАРД 2, со единствена цел да ја зголемиме искористеноста што е важна  важна за прилагодување на  земјоделскиот сектор и руралните средини кон Заедничката земјоделска политика на Европската Унија. Крајниот бенефит ќе го имаат земјоделците, затоа што преку модернизирање на производството и создавање на конкурентни земјоделски производи ќе имаат поголеми приходи од производството“, изјави министерот Димковски.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, посочи дека мерката 3 дава можност за отпочнување на нови или модернизирање на постојаните  капацитети од преработувачката индустрија. А, токму во Струмица и струмичко го има вистинскиот спој помеѓу примарното и секундарното производство. Како што истакна Бабовски, со помош на овие средства веќе голем брј на капацитети се модернизирани и го зголемиле производството а со тоа стануваат и поконкурентни.

„Од потпишани 1.480 договори во висина од 32,8 милиони евра или 41% од расположивите средства преку ИПАРД 2 програмата покажува дека сме лидери во спроведувае на оваа Програма. Со тоа покажавме дека Република Северна Македонија успешно ги реализираше проектите а така ќе продолжиме и во оваа година, но, и во наредниот период.“- изјави директорот Бабовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *