Новина на овие избори е телефонска линија во Државната изборна комисија (ДИК) за лица со оштетен слух и говор. Портпаролката на ДИКм Љупка Гугуческа објасни дека имаат назначено лице кое ќе одговара на знаковен јазик преку видео повици.
„На денот на изборите активна е телефонската линија 076/488-360 на која лицата со оштетен слух и говор преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и на македонски знаковен јазик да добијат одговор“, објасни Гугуческа.
За прашања и коментари за ДИК од граѓаните активна е и бесплатната линија 0800 555 444.