• Sat. Nov 23rd, 2024

ДИК: Гласањето тече мирно и без проблеми

Според ДИК гласањето и натаму тече мирно и без никакви проблеми, а на тоа укажува и соопштението од Јавното Обвинителство

До овој момент, од почетокот на гласањето во oсновните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса izbori@jorm.mk нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање”, соопшти Јавното обвинителство.

Во текот на ноќта и предизборните денови пристигнале неколку известувања, од кои во голем не биле утврдени елементи на сторени кривични дела. За другите известувања, јавните обвинители преземале дејства во предистражна постапка, за да се утврди постоењето на кривичното дело и сторителот.

Рано утринава е пријавен настан кој се случил во 03,20 часот  во ПО Галате каде дошол претседателот на Месната заедница од село Дебреше и пријавил кршење на предизборен молк од страна на две лица од село Дебреше. Лицата  со автомобил  низ селото растурале пропаганден материјал – флаери на една од коалициите, при што биле забележани и физички нападнати од друго лице. Од настанатите повреди едно од лицата кои делеле пропаганден материјал е пренесен во Ургентен центар – Гостивар. Сите иволвирани во моментот се во ПО Галате .Се работи на расчистување и документирање на случајот“, се наведува во соопштението.

Од ЈО наведуваат дека за овие настани, како и за сите други кои евентуално би пристигнале во обвинителствата, надлежните јавни обвинители и Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности, итно и со приоритет во работењето ќе ги преземат сите потребни дејствија за расчистување на настаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *