Државната изборна комисија верува дека во вториот изборен круг нема да ги има гужвите и недоразбирањата од првиот круг, посебно во делот на употребата на апаратите за фингерпринт. Комисијата донесе посебни препораки кои треба да им послужат на избирачките одбори за забрзување на постапката за гласање. Според овие препораки, отисокот на гласачот ќе се проверува само два пати – еднаш со десниот и еднаш со левиот показалец. На помош остануваат и 400 технички лица. Во текот на денот, ДИК е отворена за приговори за заштита на гласачкото право, а претпладнево донесе одлуки за дваесетина што пристигнале вчера и денеска, објавува Телма Телевизија