Од вечерва по полноќ бензинот од 95 и 98 октани ќе поевтини за 1,5 денари по литар, додека цената на дизел горивото ќе се зголеми за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Од 16.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,852 (денари/килограм)