• Sun. Nov 24th, 2024

Дизелот поскапува за 2 денари, цената на бензинот не се менува

ByВане Трајков

Aug 18, 2022

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вечерва по полноќ ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата за 2 денари по литар, додека цените на бензините од 95 и од 98 октани не се менуваат. Не се менува ниту цената на мазутот.

Од вечерва по полноќ, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – Еуросушер БС – 98 – 91,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *