Младиот брачен пар Костадинови кои работат и живеат во Англија, деновиве дојдоа во посета на семејството во Струмица. Со нив донесоа и заштитни маски за првачињата во Струмица коишто ги дизјанирале и изработиле самите. Емилија, којашто е дизајнерка, вели дека уживала во подготовката на маските.
Идејата била да ги изненадат дечињата пред празниците. Одбрале материјали, дезени и модел којшто е практичен за првооодделенците, се распрашале колкав број маски треба да изработат и се дале на работа. За неколку денови направиле повеќе од 500 заштитни маски коишто денеска и ги доставија до училиштата.
„Целта е да се грижиме едни за други, овој мал гест е и потсетување колку е важно во моментов да се носат заштитните маски“, велат Костадинови.