Во големата сала на домот на Арм, денеска, се одржа квизот „Весел детски Семафор“ во кој што учествуваа дечињата од пет клонови на градинката „Детска радост“. Во прекрасна и весела атмосфера во полна сала, дечињата ги потврдуваа своите знаења од областа на безбедноста во сообраќајот. Сите учесници во квизот покажаа висок степен на знаење, поради што сите беа прогласени за победници и добија исти награди.
Квизот се одржа во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а партнери во проектот беа градинката „Детска радост“, СВР – Струмица и општина Струмица.