За првпат после 50 години почна реконструкција на Одделот за педијатрија при стурмичката болница. Благодарение на повеќе фондации и фирми како што објави болницата на ФБ целосно е променета старата столарија, подот во болничките соби, обезбедени нови болнички кревети, шкафчиња за пациенти, простор за игра на дечиња при престој на детското одделение.
,, Во наредниот период продолжуваме со целосна реконструкција на санитарниот чвор за пациентите, како и просторија за интензивно лекување. Во моментот одделот за педијатрија функционира со новите простории од дневна болница и амбуланта на приземје ,како и дел од болничкиот оддел,, стои во објавата на ЈЗУ Општа болница од Струмица од каде упатија благодарност до сите донатори