• Sat. Nov 23rd, 2024

Детските градинки во Гевгелија се подготвуваат за отворање

Во ЈОУДГ„Детска радост“, во Гевгелија, во тек се подготовките за повторно згрижување на децата, по заклучокот од страна на Комисијата за заразни болести дека градинките во државата можат да отпочнат со нивното работење. Паралелно се одвива реновирањето на детските градинки, дезинфекционирањето на просториите и прилагодувањето на Протоколот за работа на детските градинки. 
Според директорката на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, Бети Стоименова, Централната градинка во Гевгелија е реновирана и е целосно подготвена за отпочнување со работа. Во тек е реновирањето на детската градинка „Цветови“, а по што ќе следи и реновирањето на градинката „Сончогледи“. Во првата половина на јуни започнаа подготовките за подобрување на условите во детските градинки, во Гевгелија. Покрај ова, изминативе месеци беа преземени и други активности за санација, реконструкција и доопремување на шесте објекти. Овие интензивни зафати започнаа со цел да го зголемиме нивото на конфорот додека децата престојуваат во детските градинки, вели Стоименова.
            Паралелно со ова, се извршени согледувања и анкети за просторните капацитети на ЈОУДГ„Детска радост“ во Општина Гевгелија, согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба. Детските градинки во Општина Гевгелија располагаат со просторни капацитети за згрижување на 410 деца на двајца родители кои се вработени и не можат да отсуствуваат од работа, а кои и досега престојувале во градинката. Децата се на годишна возраст од 8 месеци до 6 години. Заради згрижување на овие деца, согласно Протоколот, неопходно е да се изврши прегрупирање на децата по возраст, поради што во групите до 6 деца, односно до 15 деца, ќе има мали отстапувања од годишната возраст. 
            Просторните услови дозволуваат да бидат згрижени само децата кои и досега престојуваа во градинките, додека за згрижување на новопријавените деца засега нема просторни услови. Се разбира, согласно Протоколот за работа на градинката. Во ЈОУДГ„Детска радост“ во моментот постои доволен број вработени за згрижување на 410 деца согласно протоколот. Притоа, се има предвид дека на работа ќе се вратат и 9 вработени кои согласно мерката за отсуство од работа поради неможноста за згрижување на малите деца во градинките, отсуствуваат од работа.
            Активностите за реновирање на градинките во Гевгелија треба да завршат до крајот на август, така што од 1 септември реално е да се очекува градинките повторно да бидат отворени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *