• Fri. Nov 22nd, 2024

Детето позитивно на КОВИД – 19 е во Централната градинка во Струмица

Само една седмица од отворањето на градинките Струмица го има првиот случај на дете позитивно на вирусот КОВИД – 19. Дете чиешто семејство исто така е позитивно на корона – вирусот денеска добило позитивен тест. Од управата на струмичката градинка велат дека детето било само три дена на градинка, а од понеделникот наваму не е носено.

Епидемиолог прави анкета во градинката и ќе се утврди колкав ќе биде бројот на изолирани во градинката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *