„Возилата кои ќе се произведуваат во фабриката за електрични автомобили во Тетово се за глобален пазар. Според деловниот план, годишниот капацитет е бројка од 30 илјади возила од 2025 година. Нашите очекувања се дека набрзо ќе го видиме не само производството, туку и сите позитивни ефекти од оваа инвестиција“ рече директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски во вестите на Канал 5.
Тој додаде дека државата има сериозни заштитни механизми и проверки со кои не доделува државна помош додека не се исполнат одредени цели, рокови и обврски.
„Самиот договор кој го потпишавме вчера има заштитни клаузули. Компанијата нема да добие државни пари однапред. Има конкретни рокови, датуми и обврски пред државната помош да биде реализирана“ рече Деспотовски.