• Fri. Nov 22nd, 2024

Дени Илиев – Ја сакам Беласица а ракавиците ги донирав оти сакам пролетва гол да не примат !

Струмичанецот Дејан Илиев кој веќе неколку години е дел од младинскиот тим на Арсенал на голманската позиција, деновиве на своите колеги од својот матичен клуб Беласциа им пушти неколку пара ракавици со негов потпис.

,,Секогаш кога сум во можност ќе и помагам на Беласица бидејки ја сакам. Впрочем тоа е клуб каде израснав. Ова нека биде мотив и пострек за сите кои ја сакаат Беласица да се вклучат за да ја вратиме таму каде што заслужува овој струмички клуб. А со ракавиците сакам да им посакам на моите колеги голмани во Беласица да бранат уште подобро и да не примаат ниту еден гол пролетва,, изјави за ВИС СПОРТ -Дени Илиев кој веќе четири години е во таборот на топчиите но и репрезентативен голман на Македонија

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *