Световниот празник Духови, всушност е Педесетица, што се одбележува 50 дена по Велигден и го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и денот кога апостол Петар ја кажува првата проповед во Ерусалим
Световниот празник Духови, како што е познат во народот, всушност е Педесетица, 50 дена од Велигден и го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и се слави како празник на црквата. Овој ден често народот го меша со Задушница, која е в петок и в сабота, а Духовден е в недела, на 4 јуни. На Задушница се посетуваат вечните живеалишта на нашите покојни. Тогаш се повикува свештеник на гробот и се споменуваат имињата на починатите.
Овој празник е роденден на црквата. Оттогаш апостолите се распрснале низ сите краишта на земјата да го шират евангелието. На Педесетница, 50-от ден од Велигден, во народот познат празник како Духови, во Ерусалим, во куќата на евангелистот Марко, апостолите биле собрани, бидејќи Господ им заповедал да чекаат знак од небесата. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух врз нив се случува и првата проповед на апостол Петар. На тој ден таму имало луѓе од сите краишта на земјата, што зборувале на различни јазици и тој им се обратил на ангелски јазик што сите го разбрале. На Духови во сите цркви на подот се распослани лисја од орев, бидејќи нивниот облик потсетува на јазик