УХМР известува дека времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Кон крајот на денот атмосферата насекаде ќе се стабилизира. УВ индексот ќе биде 7.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19 степени Целсиусови, а максималната од 20 до 29 степени Целсиусови.
Потоа, како што информира УХМР, веќе од утре следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.