• Fri. Nov 22nd, 2024

Денес е Задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење.

Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи.

Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушница, но задушниците поврзани со Духовден, кој се одбележува утре, се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот.

Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *