За православните христијани денешниот ден, Велика Сабота, е ден на покојот и ден на Покојникот. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението на Исус Христос, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.
Позната е како Денот на Големиот Покој и го означува времето кога Христовото тело било во гробот. Овој е втор ден на жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој.
Велика Сабота е ден на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. За верниците, пак, ова е ден на љубовта и благодарноста.
Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето. Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение.
извор: makfax.com.mk