• Fri. Nov 22nd, 2024

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата.

Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, истакна дека на состанокот ќе бидат разгледани ставовите на Министерството за здравство, министерот Венко Филипче, како и членовите на Комисијата. Тој посочи дека конечната одлука, сепак, зависи од епидемиолошката слика и од условите и критериумите, кои треба да се исполнат за воведување на целодневна настава.

Одговарајќи на новинарски прашања, Исјановски навести дека е можно затворање на градинките доколку дојде до влошување на состојбата со коронавирусот.

„ Да, можно е повторно затворање на градинките“, рече Исјановски и додаде дека е можно и да се преземат одредени мерки и да се дадат насоки од Комисијата кон Владата.

Со одлука на Владата, од оваа среда сите родители кои досега беа ослободени со мерките поради коронавирусот, како и хронично болните се враќаат на своите работни места.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *