Oткако во вторникот на протест излезе Скопје, а во средата на протестите се приклучи и Битола, од вечерва (сабота), на протест излегува и Струмица.
Протестот ќе започне во 18 часот пред Стара полиција.
Граѓаните масовно протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичари, како и против одлуката за распишување избори на 5 јуни, без исполнување на условите тие да бидат фер и демократски.