• Wed. Nov 27th, 2024

Денеска во ЦК „Антон Панов“ предавање за малиген меланом

Месец мај е месец за подигање на свеста за малигниот меланом на кожата. Малигниот меланом е форма на кожен карцином која што се почесто се сретнува во Македонија и бројот на пациенти е во постојан пораст. Посебно се засегнати младите лица како и лицата кои се занимаваат со земјоделство.

Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија заедно со Министерство за здравство и Еуромеланома, спроведуваат кампања со цел да се подигне свеста кај населението за оваа болест, за нејзиното рано откривање, заштитата како и третманот на истата.

Како дел од кампањата низ повеќе градови во државата ќе се одржат и предавања за општата популација. На оваа тема на 17.05.2019 година (петок), во Центарот за култура во Струмица со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи предавање од страна на специјалисти од универзитетската клиника за пластична и реконстуктивна хирургија.

Предавањето е од отворен тип и на него се поканети сите заинтересирани граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *