Попладнево се очекува да стигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“, а според најавите, уште толку ќе пристигнат и следната недела.
Вакцините со авион ќе бидат дистрибуирани до Софија, по што ќе бидат испратени за Скопје.
Кон крајот на април се очекуваат и 200 илјади кинески вакцини.
Досега во Македонија се вакцинирани околу 35.000 граѓани.