• Tue. Nov 26th, 2024

Демолирана урбана опрема на Влашките колиби кај езерото Мантово,

ByВане Трајков

Apr 14, 2021

Посетители кои деновиве престојувале на локалитетот Влашки колиби кај езерото Mантово во општина Конче, зад себе оставиле пустош. Искршиле клупи за одмор, корпи за отпад но и наменски елементи за приготвување скара на локалитетот. Паралелно оставиле отпад насекаде. Рекреативци кои го посетиле овој локалитет граден и оплемен со средства на ЕУ се изненадени од несовесното однесување

,, Сликата беше разочарувачка. Место во корпи за отпадоци, отпадот го фрлале насекаде. Дел од клубпите беа превртени. Превртени беа и дел  поставените мини бетонски скари. Тоа е резултат на нашата некултура дефинитивно,, ни раскажа една радовишанка која со велосипеди се упатиле кон Влашките колиби на рекреација

Од општина Конче  информираа дека таму викендов престојувале стотици посетители. И покрај постојаните апели за одговорно однесување дел од гостите посегнале по уништување на урбанта опрема.

,, Како општина ќе интервенираме и ќе ги санираме штетите и ќе се обидеме да го вратиме локалитетот во првобитната состојба. Правиме пресметка и деновиве ќе пристапиме кон ново оградување на локалитетот бидејки заштитаната мрежа беше уништена. Во план сме да поставиме мини сензорни камери за да може да ги детектираме лицата кои несоодветно се однесуваат,, ни изјави градоначалникто на Конче Благој Илиев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *