Од ЈП „Паркиралишта Струмица“ информираат дека поради зголемен број на дефекти кои се случија од невремето изминатиот викенд, голем дел од мрежата за јавно осветлување во дел од населените места во Општина Струмица како и градот Струмица се во прекин.
„Се бараат оперативни решенија заедно со екипи на ЕВН Македонија за надминување на овие проблеми. Се надеваме на трпение и разбирање“, стои во нивното соопштение.