Делегација од Општина Струмица, беше во неколкудневна студиска посета во Ереван, Ерменија, која имаше за цел да ги истражи меѓународните практики во соработката помеѓу општините, бизнис заедницата и давателите на социјални услуги за унапредување на вработеноста на младите и нивна социјална интеграција.
Студиската посета беше дел од проектот на СОС Детско село “Јакнење на младите за нови можности”, кој ја зајакнува вработеноста на младите во 6 региони во државата, а Општина Струмица е партнер во реализацијата на проектот.
Приоритет од оваа студиска посета беа младите лица од ранливи категории, нивната вклученост во општествената и социјалната сфера.
Претставниците од Општина Струмица, реализираа повеќе средби, меѓу кои, средба со заменик градоначалникот на градот Ереван во Ерменија, посета на Општина Ијеван, во областа Тавуш, канцеларијата на правобранителот, како и други државни институции, младински и дневни центри, како и невладини организации.
По оваа посета, општината заедно со СОС Детско село ќе работи на креирање на активности за стратешка соработка со НВО од Струмица, СОС Детско село и бизнис заедницата во насока на унапредување на вработеноста на младите од Општина Струмица и Југоисточниот плански регион.