• Wed. Nov 27th, 2024

Делата од 60. Меѓународна струмичка ликовна колонија ќе бидат изложени на 11 септември – Денот на ослободувањето на Струмица

ByЃ. K.

Aug 16, 2023

Делата од јубилејната 60. Меѓународна струмичка ликовна колонија, која заврши деновиве, ќе бидат изложени на 11 септември, кога се одбележува Денот на ослободувањето на Струмица.

Колонијата траеше десет дена, а учествуваа дваесетина уметници од Романија, Турција, Грција, Србија и Македонија. Создадени се нови 40-ина дела во различни ликовни дисциплини.

Во склоп на колонијата се одржа и 30. школа за современ мозаик.

Организатор на колонијата е Секторот за ликовно-галериска дејност при Центарот за култура „Антон Панов“.

By Ѓ. K.