Наковски волеј останува најтрофејниот одбојкарски клуб во младинските категории и расадник на млади таленти-одбојкарки во државата.
Ивана Милева (капитен), Викторија Трајкова и Мартина Азманова се дел од македонската репрезентација кадетска категорија и ќе настапуваат на квалификациите за европското првенство во Врњачка Бања Р.Србија
Во недела 7 април во Струмица започнуваат припремите под водство на селекторот, тренерот Александар Митев.
Талентот на младите одбојкарки е препознаен и почитуван, ги остваруваат амбициите и соништата на младите генерации но пред сѐ Наковски волеј го промовира спортското натпреварување и правилата за фер-плеј.