• Wed. Nov 27th, 2024

Деветтоодделенецот Ване Гавровски од Босилово е добитник на гран-при наградата на детските Рацинови средби што се одржаа во Велес

ByЃ. K.

Nov 13, 2023

Највисоката награда, гран-при на литературниот конкурс на 56-те Детски Рацинови средби во Велес отиде во рацете на Ване Гавровски од ООУ „Гоце Делчев“ од струмичко Босилово, со менторката Весна Тилева.

На литературниот конкурс на тема: „Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата“ учествуваа 467 литературни творби од земјава.

Деветтоодделенецот Ване Гавровски изјави дека е пресреќен за оваа висока книжевна награда со името на Рацин кој му е идол и често пишува песни за него.

By Ѓ. K.