• Thu. Nov 21st, 2024

Деветгодишниот генијалец Македон ја објави својата прва книга на англиски јазик насловена „Од атоми до универзумот“

ByЃ. K.

Mar 29, 2024

Македон Димитровски (9) ја објави својата прва книга, насловена „Од атоми до универзумот“, во која го истражува универзумот и неговото создавање. Иако е познат по учеството на натпревари и освоени медали во шах, неговиот научен труд ја опфаќа областа астрономија.

Во книгата, напишана на англиски јазик, Македон објаснува зошто избрал токму овој јазик за да ги опише планетите, ѕвездите и галаксиите:

– Оваа книга е напишана на англиски јазик и ја направив за да можат другите да научат за вселената и за да можат повеќе да се заинтересираат на оваа тема, за во иднина да имаме повеќе научници, што ќе сакаат да истражуваат и да учат – вели малиот генијалец.

By Ѓ. K.