• Sat. Nov 23rd, 2024

Две нови жртви на коронавирус во земјата: Починаа 31 годишен и 91 годишен пациент

31 годишен пациент кој починал утрово на Клиниката за инфектвни болести во Скопје е најмладата жртва на коронавирус во земјата. Според информациите на министерот за здравство Венко Филипче, пациентот имал тешка клиничка слика, бил интубиран и ставен на рспираторна машина, но, рано утринава починал. Втората жртва е на 91 годишна возраст.

Бројот на новозаболени е 16. Со тоа вкупниот број на дијагностицирани пациенти со КОВИД 19 во земјата е 257. Во моментов нема други лица кои се на респираторни машини. 

Утре , по добивањето на вторите тестови, доколку се негативни, на домашно лекување можно е да се пуштат 7 пациенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *