• Fri. Nov 22nd, 2024

Две лица уапсени за убиството во Гевгелија

Секторот за внатрешни работи од Струмица поднесе кривична пријава против две лица од Гевгелија поради основано сомнение за убиство, и за помагање на сторител по извршено кривично дело.

Вербална расправија околу наводно украден мобилен телефон е причината поради која допшло до вчерашното убиство во Гевгелија во кое животот го загуби 41-годишниот Б.Р.

Од струмичката полиција велат дека по извршениот увид и истражни дејства, имаат созанија дека убиениот во критичната вечер отишол во домот на второобвинетиот, каде заедно пиеле ракија. Таму дошол осомничениот убиец кој почнал кавга и сметал дека убиениот му го украл телефонот.

Вчера, поради основ на сомневање за сторено кривично дело – “убиство“ К.И. и Р.К. се лишени и однесен во ПС ОН Гевгелија.

По наредба на јавниот обвинител телото на жртвата е дадено на обдукција во судска медицина.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Вчера од страна на вработен во итната медицинска помош во Гевгелија, околу 06,50 часот по телефон во дежурната служба во ПС ОН Гевгелија била пријавена насилна смрт на лицето Б.Р. (41) од Гевгелија во семејната  куќа на пријавениот Р.К.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *