Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1.085 тестирања.
Најголем број од новите случаи се од Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Тетово-16 случаи, во Охрид се потврдени пет нови случаи, во Струга-седум, Велес-три, Битола-еден, Гостивар-шест, Неготино-два случаи и по еден нов случај во Кочани, Делчево и Прилеп, пренесува Макфакс.
Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67години) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира осум оздравени пациенти, во Прилеп-два, Тетово-еден, Велес-четири и Свети Николе-еден.
Вкупната бројка на дијагностицирани случаи во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.915, бројката на оздравени пациенти е 1.640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124.
Последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1201, активни 595
• Куманово 545, активни 129
• Дебар 52, активни 1
• Штип 161, активни 123
• Прилеп 218, активни 29
• Тетово 273, активни 115
• Струга 98, активни 26
• Велес 141, активни 27
• Битола 30, активни 4
• Охрид 30, активни 13
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 47, активни 26
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 2
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 43, активни 12
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 2, активни 1
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.085 теста се преку: ИЈЗ –663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена –128, Биотек -42, Жан Митрев (Филип Втори) –144, Систина со PCR метода –41 и МАНУ -55.
Досега во земјата се направени вкупно 35.471 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.