И денеска се регистрирани новозаболени со корона – вирус во Струмица. Двајца пациенти се позитивни во изминатото деноноќие.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Kовид-19 во Скопје – 40, Куманово – 10, Штип – 3, Прилеп – 12, Тетово – 6, Струга – 4, Битола – 6, Охрид – 7, Кавадарци – 3, Гостивар – 2, Струмица – 2, Крива Паланка – 2, Пробиштип – 1, Пехчево – 1, Виница – 2, Делчево – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 4 и по еден во Ресен и Неготино.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од Скопје – 29, Куманово – 13, Дебар – 2, Штип – 4, Тетово – 4, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 13, Струмица – 1, Радовиш – 1, Пехчево – 1, Виница – 2, Делчево – 6, Свети Николе – 4 и шестмина од Кичево.
Починати се 3 лица, пациент од Кичево (64), пациент од Скопје (61) и пациентка од Македонски Брод (70). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, бројката на оздравени пациенти е 12.054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.208.