Финансиската поддршка за исплата на плата за април и мај не ја испочитувале над 2о фирми од овој регион. Компании од Струмица, Радовиш, валандово и Гевгелија зеле пари од државата за исплата на плати во време на корона – кризата, но не им исплатиле на своите вработени.
Управата за јавни приходи откри милиони евра злоупотреби со државната помош за исплата на минималецот од 14.500 денари.
Дел од сопствениците на 708 компании во Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците. Околу 3.750 компании, пак, им исплатиле на вработените помалку од минималецот.