Дали ќе биде потребна и трета доза вакцина против Ковид-19?
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека не е јасно дали ќе биде потребна и трета доза вакцина против Ковид-19 за одржување на заштитата од коронавирусот, јави Гардијан.
Во изјава испратена до Си-Ен-Ен, Фајзер/Бионтек соопшти дека имунитетот на луѓето почнува да слабее шест месеци откако биле вакцинирани.
Фајзер/Бионтек вчера соопштија дека планираат да побараат од американските и европските регулатори да одобрат довакцинација со трета доза, врз основа на докази за зголемен ризик од зараза шест месеци по вакцинацијата и поради ширењето на многу заразната Делта варијанта на вирусот, која прв пат беше идентификувана во Индија.
„Не знаеме дали ќе бидат потребни засилувачки вакцини за да се одржи заштитата од Ковид-19 се додека не се соберат повеќе податоци, но ова прашање го решаваат истражувачите, соопшти СЗО како одговор на прашање на Ројтерс.
„Достапни се ограничени податоци за тоа колку трае заштитата со сегашните дози на вакцина против Ковид-19 и дали дополнителна засилена доза би била корисна и за кого“, се вели во соопштението.